Ковачевски: Лидерска ќе има кога ќе има документ со Бугарија
Лидерска средба нема да има- премиерот Ковачевски не отстапува од ставот- уцени од опозициата за него се непрафатливи. Смета дека местото за дебата е во Парлементот, каде треба да се решаваат проблемите на граѓаните и да се носат важни одлуки. Ковачевски во гостувањето на Сител вели дека ќе најде начин за носење закони и покрај најавената активна блокада од опозицијата, не не откри како. Лидерска, според него, ќе има кога ќе се носат важни стратешки одлуки, како решавањето на спорот со Бугарија
Кога ќе се дојде до фаза на документ со Бугарија, ќе биде споделено на лидерско ниво. Ќе се потпише договор со кој ќе се решат отворените политички прашања и нормално е да се разговара на такво ниво, вели премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето на Сител.
Европската Унија ќе остане прорите ако и во јуни не го добиеме бараниот датум за почеток на преговорите.Според Ковачевки, до сега имаме направено и донесено многу тешки одлуки, а процесот трае предолго.
Проширувањето на Унијата во овај момент не е само политички, туку и безбедносно прашање и час поскоро ЕУ треба да почнат разговори со нас и Албанија, додава премиерот Ковачевски.
Според премиерот, во време на голема енергетска и финанска криза, владата добро се справува и носи значајни мерки за да го зачува стандардот на граѓаните. Се надева и на постигнување заеднички прифатливо решение и со СОНК, каде долгорочно ќе се реши проблемот со ниските плати во образованието.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
