Ковачевски во ОАЕ: Развојни проекти за инфраструктура, агро-бизнис и енергетика во фокус на разговорите
Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министрите за финансии Фатмир Бесими, за транспорт и врски Благој Бочварски и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во рамки на посетата на Абу Даби, остварија средба со Мохамед Саиф Ал Суваиди генерален директор на Фондот за развој на Абу Даби (ADFD) како и со Калифа ал Кубаси, заменик-генерален директор, како и останати претставници на раководството на фондот.
Фондот за развој на Абу Даби (ADFD) е владинo тело, меѓународен инвеститор со инвестиции кои се проценуваат во повеќе милијарди долари, а присутен е и во развиени и во земји во развој во Северна Америка, Европа и Азија. Постои голем потенцијал за развој на соработката меѓу двете земји и за реализација на инвестиции од ОАЕ во земјава.
На средбата од страна на ресорните министри беа презентирани можностите за инвестирање во нашата земја и стана збор за опциите за соработка на конкретни инфраструктурни проекти, како и за инвестиции во областа на агро-бизнисот, соларната енергија и туризмот. Дополнително, се зборуваше и за приоритетните области за инвестиции кон кои е фокусирана Владата, покрај обновливите извори и реализација на „Зелената агенда“, дигитализацијата, иновациите и современа технологија.
Соговорниците разговараа и за предизвиците со кои Европа и светот се соочуваат во поглед на најголемата економско-енергетска криза како и за можностите за менаџирање и надминување, пришто беше истакнат заедничкиот став дека најдобар начин за надминување на тие предизвици е реализација на инвестиции во инфраструктура, како и во иновации и нови технологии.
Двете страни ја истакнаа посветеноста за градење на дијалог помеѓу двете земји кој ќе води кон унапредување на взаемните односи. Беше истакнато дека паралелно со политичките односи, интензивирањето на економските односи е од голема важност.
Сектор за односи со јавноста
Генерален секретаријат
Ново на Сител
-
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица со право да гласа и дијаспората
-
Јаневска: Имам информации за десетина ученици што препишувале на испитот
-
Од први јуни авиолинии до уште три градови во Турција
-
УХМР: Не очекува потопло и посушно лето
-
Кулминација на конфликтите меѓу САД и Кина: студенти, компании, минерали, чипови
-
Лавров и Рубио разговараа за Украина во пресрет на денешната рунда мировни преговори во Истанбул
-
Русија ноќеска соборила 162 украински дронови
-
Шест лица повредени во Колорадо од Молотови коктели, ФБИ смета дека е терористички чин | ВИДЕО