Ковачки: Воената академија ќе добие за 419 отсто поголем буџет

Воената академија ќе добие за 419 отсто поголем буџет, информираше денеска пратеникот Драган Ковачки од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој нагласи дека Предлог-буџетот за 2026 година е фокусиран на развој, но и на безбедност гарантирана од државните институции.
- Македонија инвестира во својата безбедност, модернизација и стабилност. Во Собранието е Предлог-буџетот за 2026-та, фокусиран на развој, но и на безбедност гарантирана од државните институции. Со задоволство би сакал да соопштам дека воената академија ќе добие за 419 отсто поголем буџет. Ова се средства насочени кон зголемена професионализација на македонската Армија, насочени кон подобри услови и поквалитетно образование за нашите офицери, а со тоа и зголемена безбедност за нашата држава, потенцираше Ковачки.
Тој додаде дека во оваа насока е и ставката „стручно оспособување во земјата и странство“, што ќе направи, како што подвлече тој, да зачекориме рамо до рамо со нашите НАТО сојузници, а со тоа и да се зацврсти нашата меѓународна позиција.
- Посветеноста кон одбраната и модернизацијата на армијата се покажува и преку Буџетот за Министерството за одбрана, што од следната година е зголемен за 8,4 проценти, односно од 20,4 на над 22 милијарди денари. Овде, исклучиво во делот на модернизација се предлага буџетско зголемување од дури 38,1 отсто односно цели 406 милиони денари повеќе. Дополнително, за опрема и механизација за македонската одбрана, предвидено е зголемување на средствата за 15,7 проценти, односно 844 милиони денари, рече Ковачки.
Тој посочи дека ова се конкретни бројки што покажуваат дека македонската одбрана се движи напред, со јасна стратегија и јасни цели.
- Во време на глобални безбедносни ризици, за стабилна економија мора да имаме и стабилна одбрана. Со овој буџет ја зајакнуваме нашата улога како доверлив сојузник во НАТО, создаваме услови за нови вработувања, обука, техничко и технолошко унапредување, градиме армија што ги следи стандардите на најсилните демократии, ги штитиме нашите граѓани, инфраструктура и територија, истакна пратеникот.
МИА
Ново на Сител
-

Австрија е против брзо пристапување на Украина во ЕУ
-

При претрес на возило пронајдена дрога, приведени три лица
-

Николоски: На автопатот Кичево-Охрид во следните месеци ќе се пуштат најкомплицираните 10 километри за сообраќај
-

На ГП „Богородица“ за излез од државава се чека два часа, 30 минути за влез на „Табановце“
-

ИОК нема да ги истражува постапките на Инфантино на СП 2026
-

Најмногу дожд во Претор
-

Претрес во скопско Арачиново - пронајдени над два килограми марихуана, приведено едно лице | ФОТО
-

Приведен струмичанец, превезувал мигранти со возило без возачка дозвола
