Крадец на накит проголта обетки од „Тифани“ вредни над 700.000 евра
Крадец на накит од американската сојузна држава Флорида украл обетки вредни вкупно околу 770.000 долари (720.000 евра), коишто при апсењето ги проголтал.
Џаетан Гилдер (32) им се претставил на вработените во специјализираната продавница „Тифани“ како претставник на кошаркар на НБА-кошаркарскиот клуб Орландо меџик, пред да биде одведен во ВИП-соба. Таму му биле покажани неколку парчиња накит од високата класа, се вели во соопштението на полицијата.
Вработените му покажале на наводниот „ВИП-гостин“ пар дијамантски обетки од 4,86 карати, вредни 160.000 долари, обетки од 8,19 карати во вредност од 609.000 долари и прстен од 5,61 карат со дијамант, што се проценува на 587.000 долари, се наведува. Потоа, тој ги грабнал трите парчиња накит, но бегајќи од вработените, го испуштил прстенот, но ги проголтал обетките.
Крадецот подоцна е уапсен и затворен во Округот Вашингтон.
Ново на Сител
-
Алкараз ќе ја брани титулата на Вимблдон, откако избори трето финале
-
Новата ракометна сезона ќе ја отворат Еурофарм Пелистер и Вардар во Супер купот
-
Утре потопло со пораст на дневните температури
-
Општина Чаир го осудува нападот врз Арсовска, нагласува дека никој од институцијата не е поврзан со настанот
-
Приведени девет лица во акција за сузбивање на трговија со луѓе, меѓу жртвите има и малолетни лица | ВИДЕО
-
Лице од Скопје уапсено во Дебар бидејќи ја принудувал малолетната ќерка да питачи
-
Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир при извршување на работни задачи
-
Косовскиот парламент не успеа да се конституира нитy по 45-ти пат