Креаторот на францускиот предлог си замина од Елисејската палата и од политиката

Сител доби потврда од прес службата на министерството за Европа и надворешни работи на Франција дека советникот на францускиот претседател Александар Адам си заминал од Елисејската палата. Станува збор за креаторот на францускиот предлог кој Македонија го прифати за да го стартува преговарачкиот процес со ЕУ. Александар Адам последните месеци од својата советничка кариера на претседателот Макрон ги помина на реалација Париз-Скопје-Софија и успеа на самиот крај на француското претседателство со ЕУ да обезбеди решение кое беше прифатено во двете земји.
Иако негови колеги во Париз коментираат дека бил преморен од ангажманот со македонско-бугарскиот спор, официјалните информации се дека неговиот мандат е завршен и тоа е причината што веќе нема да биде дел од кабинетот на претседателот Макрон.
- Мандатот на советникот на претседателот Макрон, Александар Адам заврши и тој оди на нова позиција во највисокиот суд во Франција, велат за Сител од прес службата на министерството за Европа и надворешни работи.
Кариерата на Адам како советник на претседателот Макрон, стартувала во 2017 години на стартот на првиот претседателски мандат. Пред две години тој ја добил можноста да биде советник за Европа.
Спорд информациите кои Сител ги обезбеди во Париз, Адам долги години работел како дипломат на прашања поврзани со судството токму во службите на министерството за Европа и надворешни работи на Франција.
Заминувањето од Елисејската палата во највисокиот суд во Франција во Париз се гледа како негово унапредување.
Иван Кузмановски
Ново на Сител
-

Граѓаните одлучуваат дали ќе даруваат орган или не, има можност и да се промени одлуката во секое време - усвоени измени во Законот
-

Трамп: Израел мора да биде „поодговорен“ во однос на војната во Либан
-

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е понапред од Украина и Молдавија, позитивен е обидот за ограничување на вето во ЕУ
-

ЦУК: До 18 часот евидентирани 14 пожари на отворено од кои активни се пет
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка и меѓу нив тројца малолетници
-

Се реализираат активности за враќање на редот и достоинството на главниот град - велат од Град Скопје
-

Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
-

17-годишник од Карбинци тешко се повредил при пад од коњ
