Кремљ ѝ порача на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека земјите од Европската Унија, кои, како што изјави, прават сè што е можно за да го продолжат украинскиот конфликт, не треба да зборуваат за никакви „црвени линии“, бидејќи во оваа смисла „тие преминале сè што може да се премине“.
„Тие (земјите од ЕУ) преминаа сè што може да се премине, па затоа нема смисла да се набројува“, изјави Песков за порталот Вести, коментирајќи ја изјавата на претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, која ја обвини Русија за инцидентот со беспилотното летало во Романија и изјави дека Москва „преминала уште една црвена линија“.
Песков оцени дека причина за сите проблеми е Украина и постапките на режимот во Киев, објавија руските медиуми.
„Земјите кои прават сè што е можно за да обезбедат продолжување на војната не треба да зборуваат за никакви „црвени линии““, рече Песков.
Во исто време, тој ги нарече Украина и постапките на режимот во Киев коренита причина за сите проблеми во односите меѓу Русија и Европа.
Романското Министерство за одбрана во петокот објави дека дрон удрил во зграда во Галати и дека две лица се повредени. Романските власти веднаш ја обвинија Русија за инцидентот, но не доставија докази за тоа. Истовремено, романската армија не го пресретнала дронот, иако го следела со помош на радарски системи.
Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека поради инцидентот е донесена одлука рускиот генерален конзул во Констанца да се прогласи за персона нон грата и да се затвори рускиот генерален конзулат во тој град.
Руските власти ги отфрлија обвинувањата дека руските сили се одговорни за нападот со беспилотно летало врз зградата во Галати.
МИА
Ново на Сител
-

„Велт“: САД планираат да го забрзаат повлекувањето на војниците од Европа
-

Седум полицајци се повредени, а 416 лица се уапсени во немирите во Франција по победата на фудбалскиот клуб ПСЖ
-

Генералниот директор на МААЕ, Гроси изрази загриженост откако дрон ја погоди зградата на турбината на нуклеарна електрана Запорожје
-

АХВ: Утврдени манипулации во декларираните проценти на млечни масти во преработки од млеко
-

Историјат на празникот Педесетница
-

Вицепремиерот Николоски во посета на Могила и Новаци
-

Покрената истрага и побаран притвор за возачот кој учествуваше во сообраќајката во Скопје во која загина мотоциклист
-

Арсенал постави негативен рекорд за додавања во првото полувреме во финалето на ЛШ
