Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена
Кремљ денеска повтори дека секоја средба меѓу претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, која ја бараат Киев и Вашингтон, треба да биде „добро подготвена“, сугерирајќи дека засега не е на агендата на Москва.
Шефовите на руската и украинската преговарачка група се во контакт. Секој друг контакт на високо ниво, или на највисоко ниво, треба да биде добро подготвен за да биде плоден, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков и додаде дека не е во можност да го објави датумот на идните разговори.
Американскиот претседател Доналд Трамп на 18 август изјави дека почнал подготовки за средба на рускиот и украинскиот претседател, со согласност на завојуваните страни, но потоа не зборуваше многу за тоа.
Путин и Зеленски „не се сакаат“, рече Трамп во вторникот.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, минатата недела ги поткопа надежите на Трамп, тврдејќи дека Зеленски ја блокира средбата на врвот и рече дека таква средба не е ниту планирана.
Кремљ денеска истакна дека Москва „неповолно“ гледа на разговорите за можно распоредување на европски сили на украинска територија во случај на мировен договор меѓу Русија и Украина, додека Киев бара од своите западни сојузници безбедносни гаранции за да ја одврати Русија од повторен напад.
МИА
Ново на Сител
-
ЗНАМ: Наскоро имиња за Центар и Куманово
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Деканот на Градежен нов независен кандидат за градоначалник на Скопје
-
Родителите на децата Македонци при упис во училиште, не ја почитуваат реонизацијата
-
Филипче ги отфрла обвинувањата за таен план со ДУИ за хаос на изборите
-
Волонтерите од струмичкиот Црвен крст собираат училишен прибор за децата од социјално ранливите семејства
-
Пчеларите бараат повисоки субвенции