Крис Браун призна вина и избегна затвор во Вeлика Британија

Американскиот пејач Крис Браун доби условна затворска казна во Лондон поради напад врз продуцент со шише текила во ноќен клуб во Лондон, 2023 година, откако призна вина за својата вмешаност во инцидентот.
Пред Кралскиот суд на Саутварк, на Браун (37) му е изречена условна казна од осум месеци за нападот врз Абрахам Дијау во ноќниот клуб „Тејп“ во февруари 2023 година. Ар-енд-би ѕвездата и неговиот гласовен тренер, Омололу Акинлолу (40) во јули признаа вина, откако претходно ги отфрлија посериозните обвиненија за обид за нанесување тешки телесни повреди. Судијата Тони Баумгартнер изјави дека инцидентот „вклучувал сериозно насилство на јавно место; во Вашиот случај, г. Браун, станува збор за повеќекратно користење на шише, со коешто двапати сте го удриле г. Дијау по главата“. Доколку следната година ги прекрши условите поставени од Судот, пејачот ќе мора да ја отслужи затворската казна.
Браун, добитник на две награди „Греми“, беше уапсен во мај 2025, при неговото прво враќање во Обединетото Кралство по инцидентот. Првично му беше одбиено пуштање со кауција, што доведе до неизвесност околу неговата светска турнеја. Сепак, Браун на крајот беше ослободен откако вети дека ќе плати кауција од 5 милиони фунти (речиси 6 милиони евра), што овозможи турнејата сепак да се одржи.
Овој правен случај е најновиот во низата правни проблеми за Браун. Тој во 2009. беше обвинет за напад врз неговата тогашна партнерка, Ријана – случај што, придружен со фотографија од нејзиното лице со видливи повреди, предизвика бурни реакции ширум светот.
МИА
Ново на Сител
-

Четири лица уапсени за убиствата во Ѓорче Петров
-

Нови животински видови во битолската Зоолошка Градина - Свет ибис, був, американски ракун...
-

Дожд и утринска магла во наредните денови
-

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 граѓани покажаа дека Скопје се сака со дела
-

Студентите на средба со премиерот и министеpката Јаневска
-

Сè помалку деца се раѓаат во Европа и Македонија – фертилитетот во ЕУ на најниско ниво од 2001 година
-

Пожар во студентскиот дом „Стив Наумов“: Се запалил бојлер
-

Домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на струја во август
