Македонија
12. March 2026 - 19:01

Крива Паланка и Ќустендил иницираат збратимување и засилено партнерство

Општините Крива Паланка и Ќустендил ја официјализираат својата долгогодишна близина со меморандум за соработка и процес за збратимување.

Денешната работна средба на делегациите од двете општини во Бугарија е потврда дека локалните самоуправи можат да бидат клучниот мотор за добрососедските односи. Преку искористување на ИПА фондовите и заеднички проекти целта е подобар квалитет на живот за граѓаните од двете страни на границата.

На средбата меѓу градоначалниците Митовски и Атанасов, поддржани од претседателите на Советите, беше истакнато дека партнерството ќе биде во во насока на развој на локалната економија, инфраструктура, култура и туризам.

Оваа иницијатива за збратимување доаѓа резултат на досегашната успешна прекугранична соработка, отворајќи нови европски перспективи за двата града.