Кривична пријава против вработен во СВР Битола за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Џ.Р. од Битола - вработен во Одделение за заеднички работи во СВР Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 4 од Кривичниот законик.
На 05.01.2025 околу 02.30 часот во ноќен клуб во Битола, пријавениот агресивно се однесувал и се заканувал на едно лице, а при интервенцијата на лица од обезбедувањето, тој се однесувал агресивно и кон нив.
Откако бил отстранет од објектот, исто така, продолжил со агресивното однесување.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка лицето да биде суспендирано од работното место до завршување на дисциплинската постапка.
Ново на Сител
-

Рама денеска ќе учествува на 8-та Меѓувладина конференција Албанија - ЕУ во Брисел
-

Трамп им забранил на американските епидемиолози да комуницираат со СЗО
-

Париските власти забранија можна парада на навивачите на ПСЖ доколку ја освојат Лигата на шампионите
-

Ибрахимовиќ во бокс меч против Фјури на 1 август
-

Официјално: Фабијани нов тренер на Вардар
-

Путин потпиша указ за отпишување долгови на новите регрути за украинскиот фронт
-

Рубио: Ормуската Теснина мора да остане отворена
-

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во посета на Македонија
