Македонија
24. September 2025 - 13:13

Кривична пријава за двајца дебрани за намерно предизвикување пожар во градски парк

Дебарското Одделение за внатрешни рабати поднесе кривична пријава за двајца дебрани, поради намерно предизвикување пожар во градскиот парк во населбата Венец 2“.

-Кривична пријава е поднесена против М.Ф.(41) и А.Р. (38), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво по член 288, став 1 од кривичниот законик, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Пријавените, на 12. месецов во 21:30 часот, во градски парк во една населба во Дебар, со отфрлање на отпушок од запалена цигара, намерно предизвикале пожар и значителна опасност по животот на луѓето и имотите во населбата.

Поради предизвикување пожар претходно лишени од слобода беа жителка на село Долно Косоврасти и жител на село Рајчица, кои по чистење на нива го запалиле собраниот материјал и го запалиле, по што во гаснењето морала да интервенира Територијалната противпожарна едница.

 

МИА