Кривична пријава за Јани Макрадули, поранешен директор на „Пошта“, поради злоупотреба на позицијата

Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Јани Макрадули, поранешен генерален директор и претседател на Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик.
Според соопштението на Управата за финансиска полиција, во периодот од 2021 до 2022 година, Макрадули не постапил согласно Статутот на друштвото и Законот за трговските друштва, бидејќи не ги реализирал одлуките и заклучоците на Управниот одбор за исплата на финансиските обврски кон два правни субјекта во вкупен износ од 19.292.984 денари.
Иако му била доставена потребната документација за извршување на плаќањата, тој не ја потпишал спогодбата за подмирување на долгот, не ги потврдил фактурите и не ги потпишал налозите за плаќање.
Поради неизвршувањето на овие обврски, против државното акционерско друштво биле поведени судски постапки, кои завршиле со пресуди со кои била утврдена обврска за исплата на казнена камата.
Во соопштението на Управата за финансиска полиција се наведува дека како последица на ваквото постапување, на АД „Пошта на Северна Македонија“ била предизвикана финансиска штета во износ од 10.968.483 денари по основ на казнена камата.
Ново на Сител
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
-

Франција ги продолжи полициските часови за да ги смири немирите и грабежите
-

Ученик претепан на голем одмор пред среднo училиште во Скопје, еден од напаѓачите извадил пиштол
-

Одложено испитувањето на сведоците во случајот „Лотарија“, за доказите одбраната ќе се произнесе на 30 октомври
