Кривична пријава за странски сопственик на правно лице за злоупотреба на постапка за јавен повик

Управата за финансиска полиција соопшти дека до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против лицето С.Г.О.Б., странски државјанин, во својство на сопственик и управител на правно лице, како и против самото правно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ од член 275-в од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.
-Пријавениот С.Г.О.Б. во својство на сопственик и управител на пријавеното правно лице, свесно и со намера ги повредил прописите поврзани со постапката за јавен повик за проектот „Рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Општина Кичево“, за кој во 2023 година бил склучен договор со Министерството за финансии на РСМ - Секторот за централно финансирање и склучување на договори во рамките на Секторска оперативна програма за животна средина и климатски акции за ИПА II (2014-2020), на начин што, иако бил должен во текот на неговата реализација да обезбеди важечка банкарска гаранција, како и да достави барање за одобрување на подизведувачи до договорниот орган, пријавениот, при извршувањето на договорот финансиран од Европската Комисија и Буџетот на РСМ, го прикрил стечајот на азербејџанската банка „Muganbank“ – која била издавач на банкарската гаранција, со што не ја открил околноста дека повеќе не располага со валидна гаранција, а истовремено ангажирал подизведувачи без претходно да обезбеди одобрение од Министерството за финансии и надзорниот орган, со што постапил спротивно на договорните обврски и условите за реализација на проектот, поради што договорот бил раскинат - се вели во соопштението.
Со горенаведените дејствија, како што посочуваат од Финансиска полиција, пријавените предизвикале штета на буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 127.425.036 денари, како и штета по основ на загубени ИПА средства во износ од 9.474.132 евра, кои државата ќе треба да ги обезбеди од сопствени средства.
МИА
Ново на Сител
-

Тошковски: „Мазут“ ќе ја фрапира јавноста
-

Даниела Димовска ја презеде функцијата претседател на Кривичниот суд
-

Преглед на вестите од светот
-

Стартува новата учебна година за околу 238.000 ученици
-

Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината
-

Стартува новата учебна година во Охрид
-

Во Прилеп се запишаа 510 првачиња, 5.600 ученици има во основното, а 2.800 во средното образование
-

Муцунски од Бледскиот форум: Време е ЕУ повторно да ја покаже политичката волја за проширување
