Кривична пријава за узурпација на државно земјиште во Крива Паланка

Министерството за внатрешни работи информира дека ОВР Крива Паланка поднесе кривична пријава против И.С. (50) и едно правно лице од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
Според информациите, во периодот од 2021 до 2025 година, првопријавениот, во својство на сопственик и управител на правното лице, како инвеститор, зазел делови од три катастарски парцели во државна сопственост со вкупна површина од 518 квадратни метри.
Како што се наведува, станува збор за имот во општа употреба, кој бил бесправно узурпиран, при што биле изградени потпорни ѕидови, настрешница, помошен објект и скали. Со овие активности, според полицијата, било оневозможено користењето на просторот од страна на граѓаните.
Дополнително, пријавените не обезбедиле соодветна техничка документација, а објектите биле наменети за вршење угостителска дејност во корист на правното лице. Со ваквото постапување, според пријавата, е нанесена штета на државниот буџет.
Ново на Сител
-

СДСМ: Цената на бенизите расте, нов удар врз стандардот на граѓаните
-

Мицкоски: Македонија има најниски цени на горивата, состојбата се следи и ќе се носат мерки
-

Ставен во функција електронски регистар „Е-наука“
-

Со нов закон ќе се уредуваат плажите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
