Кривична против Јани Макрадули – Штета во Пошта од близу 11 милиони денари
Екс директорот на Пошти Јани Макрадули да одговара кривично за штета од близу 11 милиони денари, бара финансиската полиција во кривичната пријава до Обвинителството. Тие го сомничат поранешниот директор дека не ги почитувал одлуките на управниот одбор и на две компании не им исплатил заостанати фактури од близу 20 милиони денари.
„И покрај тоа што му биле доставени потребните документи за исплата, пријавениот не ја потпишал спогодбата за исплата на долгот, не ги потврдил фактурите и не ги потпишал налозите за плаќање. Со ваквото постапување овозможил против друштвото да бидат поведени судски постапки, по што со судски пресуди биле утврдени обврски за плаќање казнена камата.“ – се вели во соопштението на Финансиската полиција.
Се е според закон и не чувствувам никаква одговорност, реагираше Макрадули
„За време на мојот мандат не сме успеале да најдеме консензуално решение на прашањето дали треба да платите фактури и потпишете спогодба во состојба на отсуство на правен основ - во конкретниот случај договор за јавна набавка. Потенцирам дека цитираните фактури за мене беа затекната состојба за период пред моето назначување и јас сум делувал во согласност со начелото на совеснсот и чесност“ – вели екс директорот на Пошта во својот писмен одговор на прашањата на Сител.
Реагираше и СДСМ од каде кривичната ја сметаат за политички притисок.
Јани Макрадули беше директор на Пошта помалку од две години, од крајот на 2020 до пролетта 2022 година.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
