Кривична за екс градоначалник на Чашка

МВР поднесе кривична пријава за поранешниот градоначалник на Чашка, Горан Стојановски за злоупотреба на службената положба и овластување. Се сомничи дека го оштетил буџетот за 725.562 денари.
„Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник“, појаснуваат од МВР.
На 11-тото лице, му овозможил да добие бонус плата иако не ги исполнувал условите. На овој начин го оштетил буџетот на општината за 11.770 евра.
Стојановски за Сител одби да ја коментира кривичната пријава, прецизирајќи дека го остава случајот во рацете на службите. Стојановски доаѓа од редовите на СДСМ и беше градоначалник на Чашка во два мандати од 2017 последните локални избори.
Ново на Сител
-

Трамп и Нетанјаху ќе се сретнат седми пат годинава
-

Кривична за советник од Штип: Барал пари „на рака“ од граѓани за пасоши, па си ги ставал во џеб
-

Стабилна е состојбата на повредениот во синоќешната сообраќајка кај Белви
-

ДИК едногласно усвои шест одлуки на првата седница
-

Владата одлучи: Контрола на сите плантажи за канабис
-

СДСМ: 11 дена молк за марихуаната
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев ја претворија Македонија во нарко картел
-

Девизните резерви надминаа 5,6 милиони евра
