Кривична за полицаец, возел со активна забрана за управување, двојно побрзо од дозволеното и пијан

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против Д.М. на работно место „полицаец“ во Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Меџитлија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено и казниво по член 297-а став 2 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Пријавениот, надвор од работното време, на 01.04.2026 на ул. „8 Септември“ во Битола управувал патничко моторно возило „бмв“, во лична сопственост, во време кога имал активна забрана за управување со моторно возило од „Б“ категорија.
Покрај тоа, возилото го управувал со брзина од 98 км на час во населено место каде дозволената брзина била 50 км, со присуство на алкохол во организмот од 0.73 промили.
По насоки дадени од страна на јавен обвинител, моторното возило е одземено. ОВККИПС против Д.М. поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и изрече задолжителни мерки одземање на службеното оружје и муниција и упатување на задолжителен психијатриски и психолошки преглед, информира МВР.
МИА
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
