Кривична за сопственик и фирма поради сомнение за даночно затајување над 7,2 милиони денари

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице и едно правно лице поради сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ и „Фалсификување или уништување на деловни книги“, со кои, според наводите, е оштетен Буџетот на Република Северна Македонија за вкупно 7.211.359 денари.
Како што информираат од Управата за финансиска полиција, првопријавениот М. Д. во својство на сопственик и управител на правното лице, во 2021 година, свесно и со однапред утврдена намера, со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и за второпријавениот правен субјект, преку фиктивно книжење извршил присвојување на наплатените парични средства од продажба на нафта и нафтени деривати во износ од 7.040.484 денари при што не пресметал и не платил данок на личен доход во вкупна вредност од 782.198 денари.
-Дополнително, првопријавениот М.Д. преку фиктивно книжење извршил намалување на залихата евидентирана на конто 6630 во вредност од 7.040.484,00 денари, а воедно извршено е намалување на приходите на конто 7411 во износ од 3.222.664 денари, намалување на обврската за ДДВ евидентирана на конто 2301 во износ од 580.003 денари и зголемување на набавната вредност на продадената стока на конто 701000 во вредност од 3.425.798 денари, при што не пресметал и не платил данок на додадена вредност вкупна вредност од 1.653.677 денари, данок на личен доход во вкупна вредност од 782.198 денари и данок на добивка во вкупна вредност од 664.846 денари поосочуваат од Финансиска полиција.
Како што се наведува во соопштението, првопријавениот М.Д. во 2024 година, свесно и со умисла евидентираната залиха на конто 6630 – „Стоки во продавница со стапка од 18 проценти во износ од 12.630.670 денари ја присвоил за себе и не ја евидентирал во сметководствената евиденција на второпријавениот правен субјект како кусок, при што не пресметал и не уплатил данок на додадена вредност во износ од 1.925.177 денари и данок на личен доход во износ од 1.403.267 денари.
Од Финансиска полиција посочуваат дека со наведените дејствија првопријавениот М.Д. и второпријавеното правно лице го оштетиле Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 7.211.359 денари.
МИА
Ново на Сител
-

Каде е најевтино да го наполните резервоарот на Балканот?
-

Тема на денот со Драган Кочински, епидемиолог и раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања во ИЈЗ
-

Расте бројот на заразени со западно-нилска треска
-

Нова бактерија во водоводната мрежа во Гостивар, најави за питка вода се уште нема
-

ДКСК го оспорува предлог-законот за „Скопје – Европска престолнина на културата“
-

Цената на суровата нафта расте – Мицкоски очекува горивата да паднат во понеделник
-

Тензично во Собрание меѓу ДУИ и спикерот Гаши
-

Стоилковиќ: Општините се соочуваат со недостиг од кадар, стартува проект за студентска пракса
