Кривична за управител за одгледување на канабис за медицински цели, одземени еден килограм и 260 грама марихуана
СВР Штип до ОЈО Штип поднесе кривична пријава против управител на правно лице Д.К.(30) од Скопје и против правното лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 95-в став2 од Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.
Првопријавениот, како одговорно лице во пријавеното правно лице, по добивање на решение од 27.05.2024 од Министерството за здравство за одгледување на канабис за медицински цели, постапил спротивно на одредбите од чл.26-б од Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци, односно не се придржувал кон елаборатот за производство на канабис за медицински цели, што било констатирано при извршена контрола од страна на полициски службеници од МВР во содејство со Комисијата за оценување на исполнетоста на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на медицински канабис, а при тоа биле одземени 1.260 грама марихуана, како и исушено искршено стебло и поголем број на исушени и скршени гранчиња од растението канабис.
Ново на Сител
-
НАТО го поздрави мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан
-
Сирија одбива да учествува на состаноците со курдските сили во Париз
-
Иран го поддржа мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија
-
Кабел со кој се крадела електрична енергија предизвикал пожар на куќа и бандера во Чаир
-
Пожар во автобус на ЈСП - во него немало патници
-
Исчезна 16-годишно девојче во Струмица
-
Опожарено возило во Скопје, нема повредени
-
18-годишник тешко повреден по тепачка во Чаир