Купиле амфетамин во Скопје за да го продадат во Кавадарци
ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.С.(39) и Т.А.(38), двајцата од Кавадарци, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело - „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ - по член 215 став 1 од КЗ на РСМ.
Според документираните сознанија пријавените на 03.06. годинава од непознато лице во Скопје набавиле 185,4 грама наркотична дрога „амфетамин“, наменета за продажба.
При транспорт, со патничко моторно возило „Форд“, со кавадаречки регистарски таблички, управувано од Т.А. (а С.С. бил сопатник) на подрачјето на општина Росоман, биле сопрени од полициски службеници кои што дале знак за запирање на патничко возило. Меѓутоа тие не застанале се дале во бегство а С.С. ја фрлил од возилото наркотичната дрога.
Меѓутоа набргу биле запрени и при преглед, кај С.С. била пронајдена 1.18 грама опојна дрога „амфетамин". По преземени оперативни мерки и активности фрлената дрога е пронајдена и одземена.
Ново на Сител
-
Вливот на реките рак рана за езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ
-
Преглед на вестите од светот
-
Судот одреди куќен притвор за скопјанецот кој со мотор го усмрти Југослав – Обвинителството вложи жалба
-
Пеколните горештини причина за колапси и сообраќајни несреќи
-
Гази Баба неколку дена без вода, градоначалникот најавува кривична пријава
-
Наместо данок за невенчани, владата да обезбеди повисоки плати и подобар стандард, велат од Реактор