„Квин“ го продава својот музички каталог за 1,2 милијарди долари

Повеќе од 50 години откако британската група „Квин“ го објави својот прв албум „Queen“, членовите на бендот се пред договор за продажба на нивниот целосен музички каталог. Адвокатите на членовите на поп-рок составот – Брајан Меј, Роџер Тејлор, Џон Дикон и фондацијата на покојниот Фреди Меркјури преговараат да му го продадат своето музичко наследство на засега сè уште непознат купувач, за 1,2 милијарди долари.
Пакетот ги вклучува авторските права за снимената музика, издаваштвото, приходите од производи и лиценци поврзани со составот, како и од биографскиот филм за Меркјури и „Квин“ од 2018 година – „Боемска рапсодија“ итн.
Kаталогот, ги вклучува хитовите „Bohemian Rhapsody“, „Crazy Little Thing Called Love”, „You’re My Best Friend”, „We Will Rock You”, „We Are the Champions”, „Another One Bites the Dust”, „Radio Ga-Ga”, „Somebody to Love” и многу други. На списокот има и 10 албуми во живо и два саундтрак-албуми – филмска музика за „Флеш Гордон“ и „Хајлендер“.
Во текот на 2018 година, продажбата на албумите на бендот се зголеми по објавувањето на филмот „Боемска рапсодија“, којшто заработи повеќе од 910 милиони долари ширум светот. Филмот освои и четири „Оскари“, два „Златни глобуси и две „БАФТА“ награди. Меј потоа навести дека е заинтересиран да работи и на продолжение на филмот.
Ново на Сител
-

Во Прилеп одбележан месецот на Франкофонијата
-

Литија во село Оровник
-

Дојава за бомба го испразни „City Mall“
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам
-

Обвинителството ќе бара лица кај кои се аплицирале недозволените ботокс и филери
-

Естетските корекции не се козметика
-

СДСМ обвинува дека владата на Мицкоски ја водат лажни патриоти со бугарски пасоши
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој ја кочи европската интеграција
