Спорт плус
14. February 2022 - 12:17

ЛА Ремс е шампион во НФЛ лигата

Еден од најголемите и најгледани светски спортски настани секако е финалето во Американската фудбалска лига или популарниот „Супер-бол“ во НФЛ.  
 
56-тото финале се играше во Лос Анџелес, а на задоволство на домашната публика победти тимот на ЛА Ремс кој со 23-20 го совлада составот на Синсинати Бенгалс
 
Во супер интересното финале или гледачите можеа да уживаат во бројни дуели и пресврти во резултатот, па така откако домаќините имаа преднст од 13-3, гостите од Синсинати направија серија и поведоа со 20-13. 
 
Но „Бенгалси“ тука застанаа, па предводени од 
Купер Кап беше прогласен за МВП на финалето „Рамси“ повторно се вратија во игра и го добија мечот со 23-20. 
 
Со тоа ЛА „Ремс“ по вторпат во својата историја дојде до трофејот „Винс Ломбарди“, а нивниот тренер Шон Меквеј со 36-години стана најмладиот во историјата, кој го освоил „Супер-болот“. 
 
Вообичаено со полуларниот „халф-тајм шоу“ овој спектакл беше збогатен со настап на големите американски музички ѕвезди....