Македонија
20. November 2026 - 9:12

Лафчиски на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната

 

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, во Тирана ќе учествува на редовниот годишен состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната (DECI), посветен на регионалната безбедност и одбранбената соработка.

Како што соопшти Генералштабот на Армијата, на состанокот ќе учествуваат и високи воени претставници на НАТО и Европската Унија, меѓу кои заменик-командантот на Здружената команда на НАТО во Неапол, командантот на мултинационалните копнени сили, како и командантите на мисиите КФОР и ЕУФОР.

Во фокусот на разговорите ќе бидат актуелните безбедносни предизвици во регионот, соработката во рамки на иницијативата DECI и НАТО, како и можностите за натамошно продлабочување на одбранбената соработка и реализација на заеднички обуки и активности.

Предвидено е генералот Лафчиски да се обрати на работните сесии, при што ќе ја потврди посветеноста на државата кон колективната безбедност и придонесот на Армијата во регионалните и меѓународните безбедносни иницијативи.

На крајот од конференцијата, началниците на генералштабовите ќе усвојат заедничка изјава за соработка и ќе ја утврдат динамиката на идните заеднички проекти во рамки на иницијативата.

 

МИА