Лафчиски утре на состанок на Воениот комитет на НАТО во Брисел

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, утре ќе учествува на состанокот на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на Генералштабови, што ќе се одржи во седиштето на Алијансата во Брисел.
Со состанокот на највисокото воено тело на НАТО ќе претседава претседавачот на Воениот комитет, адмирал Џузепе Каво Драгоне, а меѓу учесниците ќе бидат и началниците на Генералштабовите на земјите членки, врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), генерал Алексус Г. Гринкевич, како и врховниот командант за трансформација (SACT), адмирал Пјер Вандие.
Како што е најавено, состанокот ќе се одвива во повеќе сесии на кои ќе се разгледаат клучни прашања за Алијансата, меѓу кои плановите за зајакнување на одвраќањето и одбраната, тековните мисии и операции, како и политичките приоритети и подготовките за претстојниот Самит на НАТО во Анкара.
На агендата се и темите поврзани со развојот на одбранбениот планирачки процес, интеграцијата на новите технологии и иновации во одбраната, поддршката за Украина, како и унапредувањето на соработката меѓу НАТО и Европската Унија.
Учеството на генерал-мајор Лафчиски на состанокот, како што се посочува, претставува потврда за активниот придонес на Армијата и Република Северна Македонија во колективната безбедност, регионалната стабилност и спроведувањето на заедничките политики и активности на Алијансата.
МИА
Ново на Сител
-

Спасени 33 лица, десетици илјади сè уште се водат како исчезнати по двојниот земјотрес во Венецуела
-

Почувствуван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар
-

Седници на четири собраниски комисии
-

САД: Техничките разговори со Иран се уште се на добар пат
-

Денес топло време со температури до 39 Целзиусови степени
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
