Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

Во 2024 година, 65.5 % од вкупната потребна енергија во земјава е обезбедена од увоз, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Вкупната потребна енергија во 2024 година изнесувала 2 541 849 тони нафтени еквиваленти (toe). Во структурата на оваа потрошувачка, најголемо учество имаат нафтените продукти со 44.7 % и цврстите горива со 24.9 %.
Во 2024 година, бруто-примарното производство изнесувало 842 142 toe, што претставува намалување од 10.6 % во споредба со 2023 година. Најголемо намалување е забележано кај лигнитот, со пад од 20.9 % и хидроенергијата од 15.8 %, додека најзначително зголемување од 140.0 % е евидентирано кај соларната електрична енергија.
Финалната енергетска потрошувачка во 2024 година изнесувала 1 859 697 toe, по сектори: сообраќај – 47.6 %, домаќинства – 26.1 %, индустрија – 16.9 %, останати сектори – 8.4 %.
Учеството на обновливата електрична енергија во бруто-производството на електрична енергија изнесува 39.4 %, а во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија изнесува 35.4 %. Потрошувачката на електрична енергија во домаќинствата изнесува 1 727 KWh по жител на годишно ниво.
МИА
Ново на Сител
-

Контрола на полицијата на патниот сообраќај во неколку општини, уапсено едно лице, изречени 12 мерки
-

Светските лидери го осудија вооружениот инцидент во Вашингтон
-

Уапсен возач кој во Кичево удрил 60-годишен пешак и го повредил
-

Од вторник до крајот на неделата повремени врнежи, на места пороен дожд со грмежи и пониска темепература
-

Путин им се заблагодари на севернокорејските војници за помошта при ослободување на Курската област
-

Николоски: ЕУ помага за изградба на коридорите, Македонија има уникатна положба и сакаме економски да ја искористиме
-

Арагчи повторно ќе го посети Пакистан
-

Првата линија од Градски воз во функција од 1 септември
