Лавров и Рубио разговараа за Украина во пресрет на денешната рунда мировни преговори во Истанбул
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио вчера остварија телефонски разговор посветен на ситуацијата во Украина и претстојните мировни разговори што ќе се одржат денеска во Истанбул.
Во соопштението на руското МНР се наведува дека двајцата дипломати разговарале за состојбата во Украина и за нападите со експлозивни направи врз железничката инфраструктура во руските региони Брјанск и Курск доцна во саботата. Рубио му изразил сочувство на Лавров за жртвите во нападите, а Министерството нагласува дека резултатите од истрагите наскоро ќе бидат објавени, со уверување дека одговорните ќе бидат идентификувани и изведени пред лицето на правдата.
Во Брјанскиот регион загинаа седум лица, а 71 беше повредено кога мост се урна врз патнички воз во движење по експлозија.
Разговорот се случи во пресрет на втората рунда директни разговори меѓу Киев и Москва, во услови на зголемени напади и покрај тоа што Кремљ сѐ уште ги отфрла повиците за безусловен прекин на огнот.
Според руското МНР, Лавров и Рубио „размениле ставови за различни иницијативи за решавање на украинската криза, вклучително и плановите за обновување на директните преговори меѓу Русија и Украина во Истанбул на 2 јуни“.
Стејт департментот потврди дека разговорот се одржал на барање на Русија и дека Рубио ја повторил поддршката на американскиот претседател Доналд Трамп за директни разговори со цел постигнување „траен мир“.
На последните разговори на 16 мај, првиот директен дипломатски контакт од почетокот на војната, не беше постигнат никаков напредок во однос на прекин на огнот, а Москва повторно ги изнесе своите максималистички барања за повлекување на украинските сили од четири области кои Русија не ги контролира целосно.
И покрај неуспехот на разговорите, двете страни се договорија за размена на по 1.000 воени заробеници. Русија претходно вети дека по размената ќе ги објави своите мировни услови, но сѐ уште не го сторила тоа.
Ново на Сител
-
ЈСП - Скопје: За продолжениот викенд неделен возен ред
-
Приведена 65-годишна штипјанка, го принудувала внукот да питачи во Дебар
-
Физички нападнат 30-годишен велосипедист во подрачјето на Карпош
-
46-годишен скопјанец пријавил дека неговиот малолетен син се оддалечил од домот
-
Германија мора да регрутира до 60.000 нови војници за да ги исполни целите на НАТО
-
Приведен 40-годишник, се заканувал на сограѓанин
-
На лекување во странство и во домашните болници има 12 пациенти од пожарот во Кочани, еден е во тешка состојба, вели Клековски
-
До недела топло, утре и задутре развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи