Лавров: Русија ќе тестира нуклеарно оружје, ако и другите нуклеарни сили вршат нуклеарни проби

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју за руски медиуми изјави дека Москва ќе тестира нуклеарно оружје, ако и другите нуклеарни сили вршат нуклеарни проби.
– Москва е подготвена да разговара за загриженоста на САД за она што Вашингтон го нарекува „сомнителни подземни активности“, наведе Лавров.
Тој додаде дека Русија е загрижена од изјавите на САД што сугерираат дека нуклеарните тестови би можеле да се користат за геополитички цели.
Според Лавров, САД би можеле значително да се оддалечат од концептот на недозволивост на нуклеарна војна.
Русија претходно предложи едногодишно продолжување на ограничувањата според Договорот за стратешко офанзивно оружје.
– Според Москва, одлуката за продолжување на ограничувањата може да се донесе во секое време до 5 февруари 2026 година, кога истекува Договорот. Не се потребни понатамошни консултации со САД за неговото продолжување, туку само согласност од Вашингтон, истакна Лавров.
Тој се осврна и на контактите помеѓу Москва и Вашингтон, истакнувајќи оти останува посветен на договорот помеѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп во Будимпешта.
– Руската страна е подготвена да разговара со САД за продолжување на подготовките за состанок помеѓу Путин и Трамп, доколку и кога нашите американски колеги ќе го презентираат својот предлог, посочи Лавров.
МИА
Ново на Сител
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
-

Две лица од Крива Паланка, едниот од нив малолетник, физички нападнале службени лица од АХВ
-

Захарова: Европа ќе биде првата жртва ако Зеленски добие нуклеарно оружје
-

Мицкоски: Намалувањето на ДДВ дава резултат, во понеделник очекувам поевтинување на бензините
-

Трамп најави дека Куба е „следна“
-

Прекумерната тежина е сериозна хронична болест во Македонија
