Лазаров: Публиката ќе ни биде „ветар во грб“
Македонската ракометна репрезентација во четврток од 19ч во салата Борис Трајковски ќе го одигра првиот бараж дуел со селекцијата на Романија. По подолга пауза ракометарите ќе играат пред публика што за селекторот Кире Лазаров е добар знак и очекува публиката да ни биде ветар во грб: Ние имаме доста промени, многу новитети и нови ракометари, а и многу сериозен противник, кој никако не смееме да го потцениме. Го познавам многу добро Чави и сигурен сум дека тој ќе подготви некои изненадувања, но како што тој ме знае мене, така и јас го знам него. Не треба да се заморуваме со Романија. Имаме работи кои треба да ги поправиме, така што секогаш има простор за надоградба. Сметам дека сме на добар пат, изгледаме сериозно и сигурен сум дека ќе се подготвиме добро и ќе имаме добар настап“, рече Лазаров.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар