Лазаров: Со добар план подготвени да ги дочекаме дуелите

Македонската ракометна репрезентација за пласман на Светското првенство 2027 во Германија во баражот од третата фаза ќе игра со победникот од двомечот меѓу Украина и Словачка што се игра во март годинава.
Селекторот Кирил Лазаров повика на внимателност и сериозен пристап, без разлика кој ќе биде противник.
-Треба да бидеме задоволни од извлекувањето. Напорно работевме за да дојдеме до моментот да бидеме во групата на носители и сега сме на добар пат да обезбедиме ново учество на голем настан и да ја продолжиме традицијата на успеси. Мораме да бидеме сериозни и професионално да се однесуваме. Имаме максимална почит кон националните тимови на Украина и на Словачка. Наскоро ќе дознаеме и точно против која репрезентацијата ќе играме, но ние мора уште од сега треба да направиме добар план и подготвени да ги дочекаме тие два натпревари во мај, изјави селекторот на репрезентацијата на Македонија.
Првиот натпревар македонските ракометари ќе го играат на гости 13-14.мај, а реваншот на домашен терен 16-17.мај.
МИА
Ново на Сител
-

Расте поддршката за членство во ЕУ - 71% од граѓаните сакаат во Унијата но само 24% се за уставни измени
-

СДСМ го поддржува протестот на синдикатите
-

Јавна расправа за Нацрт-закон за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор
-

Потребна е вонсезонаска понуда во Охрид
-

Во Штип лани речиси секој ден се продавал по еден стан
-

Преглед на вестите од светот
-

Србите го слават Свети Сава
-

Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
