Лажни СМС пораки за казни од „Безбеден град“, МВР апелира на претпазливост

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници и пораки на социјалните мрежи.
Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за наводен сообраќаен прекршок.
Апелираме до граѓаните да бидат внимателни при користењето на интернет, да не се отвораат сомнителни линкови и пораки, никогаш да не споделуваат лични податоци, како што се броеви на банкарски картички, лозинки или лични идентификатори преку неовластени канали, да ја проверат адресата на испраќачот - официјалните институции и компании користат службени домени, да користат двофакторска автентикација (2FA) за дополнителна заштита на нивните сметки и да пријават сомнителни пораки кај надлежните институции или во надлежната банка.
СМС известувањата за направен прекршок треба да бидат од испраќач "MVR-SC". Во текстот задолжително треба да содржи регистарска ознака од возилото кое направило прекршок, и линк од следниот формат "https://safecountry.mvr.gov.mk..."
Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи продолжува со активни истраги и преземање мерки за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Обвинителството бара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов
-

Анел Фидоски е избран за шеф на скопското јавно обвинителство
-

Почнува тестирањето на камерите за „Безбеден град“
-

ДУИ го обезбеди мнозинството за Законот за прекршоци, Сејф сити нема да се одложи
-

Почна второто полугодие за учениците: Кој ќе го наследи Љуљзим Алиу?
-

Д-р Трајковски: Со враќањето на децата во училиште ќе се зголемат бактериските инфекции
-

Нагло порасна синдикалната кошничка, ССМ се подготвува за протести и генерален штрајк
