Loading Video...
Спорт плус
23. August 2018 - 15:47
ЛЕ: Шкендија во Норвешка го трасира патот до групната фаза
Фудбалерите на Шкендија имаат одлична сезона на европската сцена. Останува дали ќе ја искористат шансата да се пласираат во групната фаза на Лига Европа за што пречка е норвешкиот гигант Розенборг.
Македонскиот првак вечерва во 20.45ч е гостин на Норвежаните кои се фаворити но не и тим кој не може да се изненади и елиминира.
„Розенборг е фаворит и сигурно не очекува тежок натпревар. Ние сме мотивирани да напишеме историја и да покажеме дека имаме европска вредност како клуб. Не би сакал сега да коментирам или прогнозирам резултатот, но убаво ќе биде да дадеме макар еден гол и да не загубиме. Тоа ќе биде тој добар резултат за нас пред реваншот во Скопје“- изјави најдобриот играч на тетовчани Бесарт Ибраими.
Шкендија играше квалификации во Лигата на шампионите каде стигна до 3. коло и беше елиминирана од австрискиот шампион Салцбург откако претходно ги победи ТНС и Шериф од Молдавија.
Дуелот со Розенборг се игра вечерва од 20.45ч.
-

Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
