Леброн Џејмс ги напушта социјалните мрежи

Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, објави дека нема да одржува акаунти на социјалните мрежи, каде има вкупно 212 милиони претплатници.
– АМИН! И во исто време, ве поздравувам сите! Засега ги напуштам социјалните мрежи. Секој се грижи за себе – напиша Леброн.
Триесет и деветгодишниот Американец беше критикуван на интернет по победата на Лејкерси над Јута со 124:118 во вторникот.
– Има толку многу омраза и негативност во светот денес што не разбирам зошто многу спортски медиуми сè уште веруваат дека најдобриот начин за покривање на спортот е од негативна перспектива. Лично, мислам дека сето ова е губење време, објави Рич Клајман, агентот на Леброн, на својата страница на социјалните мрежи Икс.
Џејмс кој наскоро ќе наполни 40 години се уште е еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата.
Ново на Сител
-

Литија во село Оровник
-

Дојава за бомба го испразни „City Mall“
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам
-

Обвинителството ќе бара лица кај кои се аплицирале недозволените ботокс и филери
-

Естетските корекции не се козметика
-

СДСМ обвинува дека владата на Мицкоски ја водат лажни патриоти со бугарски пасоши
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој ја кочи европската интеграција
-

Од отпад до „црно злато“: Рецепт за здрава Преспа
