Loading Video...
Кошарка
13. February 2022 - 10:31
Леброн го мина Џабар на вечната листа најдобри стрелци
Леброн Џејмс стана најдобриот стрелец во историјата на НБА лигата
Џејмс на синожешнто гостиување кај Голден Стејт не му помогна на својот тим ЛА Лејкерс да избегне пораз од „Вориорси“ со 117-115, но затоа го помина легендарниот Карим Абдул Џабар на листата на најдобри стрелеци на сите времиња.
Лебром средбата ја заврши со 26 поени, 15 скокови и 8 асистенции, што беше доволно за само еден поен да го мине Џабар, па така сега Џејмс има вкупно 44.150 поени, додека Џабар еден помалку.
Вредно е да се истакне дека на популарниот „Кинг Џејмс“ за ова остварување му беа подребни дури 181 натпревар помалку од рекордот на Џабар.
Во друштво на овие двајца кошаркари, а кои ја имаат минато границата над 40.000 поени е легендата на Јута „Џез“ Карл Мелоун.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->