Легендарната Лада Нива не се предава: Новиот модел пристигна во продажба за околу 12.000 евра

Легендарната Лада Нива продолжува да опстојува на автомобилскиот пазар речиси половина век по почетокот на производството. Во Русија започна продажбата на обновената Niva Legend, која доби нов мотор и неколку технички и безбедносни подобрувања.
Најголемата промена се наоѓа под хаубата. Досегашниот 1,7-литарски бензински мотор со 83 коњски сили е заменет со 1,8-литарски атмосферски агрегат кој развива 90 КС и 153 Nm вртежен момент.

Петстепениот мануелен менувач и постојаниот погон на сите четири тркала остануваат заштитен знак на рускиот теренец.
Со новиот мотор, Niva Legend достигнува максимални 142 km/h, додека за забрзување од место до 100 km/h ѝ се потребни околу 15 секунди. Истовремено, декларираната комбинирана потрошувачка е намалена од 9,9 на 9 литри на 100 километри.

Направени се подобрувања и на системот за ладење, менувачот и преносната кутија, со цел да се намалат вибрациите и да се подобри удобноста при возење.
Нива конечно добива и дел од опремата која одамна е стандард кај современите автомобили. Меѓу новитетите се воздушно перниче за возачот и централно заклучување, а еден ист клуч се користи за отклучување и стартување на возилото. Одредени делови од каросеријата сега се изработуваат и од поцинкуван челик за подобра заштита од корозија.

Основната верзија Classic на рускиот пазар чини 1.199.000 рубљи, односно приближно 12.000 евра според актуелниот курс. Подобро опремените верзии се поскапи, а цените не можат директно да се споредуваат со оние на европскиот пазар.
Лада Нива започна да се произведува во 1977 година, а и покрај бројните модернизации, основниот концепт на теренецот остана препознатлив до денес. Речиси половина век подоцна, легендарната Нива очигледно сè уште нема намера да замине во пензија.
Ново на Сител
-

Тошковски: Организираниот криминал во затворите не е изолиран проблем - потребен е заеднички и координиран одговор
-

Николоски: Ветивме дека Градскиот воз ќе почне на 1 септември и така се случи
-

Јаневска: Училиштата да ги следат протоколите за постапување кога температурите се превисоки
-

Јаневска за затворањето училишта: Ова се болни реформи, но во моментов сме во критична ситуација
-

Четвртоодделенците во Аеродром и годинава добиваат таблети, првите 30 им ги врачија министерката и градоначалникот
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето не подлежи на кривична одговорност - 30 дена притвор за неговиот брат
-

Со симболично патување означен почетокот на Градскиот воз кон Зелениково
-

Миодраг Божовиќ – Гроф нов тренер на Вардар
