Кошарка
22. April 2026 - 8:48

Лејкерси го зголемија водството во серијата против Хјустон

Екипата на Лос Анџелес лејкерс рано утрово го победи Хјустон рокетс со 101:94 на домашен терен во вториот натпревар од првата рунда на НБА-плејофот.

Најдобар стрелец на натпреварот беше Леброн Џејмс, кој постигна 28 поени, притоа забележа и осум скока и седум асистенции.

Лејкерси сега водат со 2:0 во серијата прв до четири. Следниот натпревар на тимовите ќе се одржи на 25 април.

На другите два натпревара од разигрувањето за титулата во најсилната кошаркарска лига играни ноќеска победи забележаа гостинските екипи:

Бостон – Филаделфија 97:111 (1:1 во победи)

Сан Антонио – Портланд 103:106 (1:1 во победи).

 

МИА