Лекар манијак сексуално злоставувал повеќе од 100 жени и девојки: Конечно ја признал вината и пред судот кажал три реченици

Жртвите се гневни не само на лекарот Насар, туку и на службениците кои го штителе.
Поранешниот лекар на американските гимнастичарки, кој работел на Универзитетот во Мичиген Стејт, Лери Насар, се изјаснил како виновен по седум точки од обвинението за сексуални напади.
Тој е обвинет дека сексуално злоставувал и вознемирувал повеќе од 100 жени и девојчиња, а меѓу нив и три олимписки шампионки.
Случајот со поранешниот лекар Насар е доказ за сериозниот пропуст на властите, кои, како што изгледа, не направиле многу да ги заштитат девојките од познатиот предатор, наведува VOA.
Насар е обвинет дека сексуално злоставувал девојчиња додека наводно ги лечел во својот дом и на клиниката на Универзитетот Мичиген Стејт. По неколкумесечно демантирање и молчење, тој вчера се изјаснил како виновен пред судот во Мичиген и рекол дека се кае.
"Сакам нивните рани да се залечат, сакам заедницата да се залечи. Немам непријателски чувства кон никој. Сакам само лекување, време е, и верувам дека тоа е најважна работа", рекол тој на суд.
Судијката Розмари Аквилина му кажала на Насар дека тој го користел тоа што му била укажана доверба на најужасен начин - за да злоставува деца.
"Се согласувам дека сега е време за лекување, но на нив можеби ќе им биде потребен цел живот да ги залечат раните, додека вие цел живот ќе минете зад решетки", навела судијката Аквилина од Окружниот суд во Ингам.
Жртвите не се гневни само на Насар, туку и на службениците кои го штителе.
Адвокатот Џон Менли вели дека неговата канцеларија има 105 случаи против Насар, кои, како што наведува, можеле да бидат спречени ако властите одговореле на жалбите на девојчињата.
"Ние ги изневеривме како општество. Како образовен систем. Ги изневеривме преку нашиот кривичен систем, сè до денес", рекол Менли.
Изрекувањето на пресудата на Насар е закажано за јануари, а тој се соочува со казна затвор од најмалку 25 години.
Ново на Сител
-

Гренланд спречи неовластени нафтени истражувања на компанија поврзана со Трамп
-

Ставањето коцка мраз на задниот дел од вратот може да помогне во намалување на анксиозноста за неколку минути
-

Сообраќајка на магистралата Гостивар - Кичево, повредени три деца и една жена
-

Мицкоски: Жртвата на бранителите - трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена
-

Град Скопје: Се реконструира главниот мост над Маркова Река, можно отежнато одвивање на сообраќајот
-

Изгаснат пожарот на депонијата во Крива Паланка
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Грчките цариници запленија над 1.000 боци нелегален фреон, дел од нив откриени во пратка од нашата земја
