Леклер се надева дека ќе научи многу од Хамилтон откако Британецот ќе дојде во Ферари
Возачот на Ферари, Шарл Леклер, е уверен дека седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон може да му помогне на италијанскиот тим следната година.
Британскиот возач ќе се приклучи на Скудерија од сезоната 2025 година, каде што ќе го замени Шпанецот Карлос Сајнц.
-Мислам дека доведувањето шампион како Луис во кој било тим дава голема мотивација за секој човек во тимот. Ова ќе биде првиот позитивен ефект што ќе го има врз Ферари. Очигледно ќе дојде и со целото искуство што го стекна со години во Мерцедес, поинаков начин на работа, поинаква визија, изјави Леклер за „GPblog“.
Моначанецот исто така изјави дека ќе добие големо задоволство од настапите со Хамилтон во истиот тим.
-Најуспешниот возач во историјата на Формула 1 ќе седне во еден од нашите болиди. Ќе ми биде исклучително интересно да учам од еден од најдобрите, но ќе биде и голем предизвик и мотив да го победам Луис и да покажам што можам, додаде тој.
Хамилтон е првиот спортист во историјата на Формула 1 кој постигнал 100 победи. Досега има 105 Гран при победи.
Сезонава 39-годишниот Британец со 150 бодови го зазема 6. место во поредокот кај возачите.
Ново на Сител
-

Без плаќање во готовина од утре во јавниот превоз во општина Кавадарци
-

ЦУК: Попладнево зголемен ризик од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари поради многу висок FWI
-

Гори ниска вегетација, дрва и пченка во Горно Лисиче и депонијата на излезот од Крива Паланка
-

Нема подолги задржувања на граничните премини
-

Сончево и многу топло
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
