Либанската армија се повлекува од своите позиции во близина на границата со Израел

Либанската армија ги повлече своите сили од неколку локации на југот на земјата, во близина на границата со Израел, објавија американските медиуми.
„Армијата ги прераспореди силите на неколку локации на југот од земјата, каде што неодамна се позиционираше“, соопштија извори блиски до либанската армија, додавајќи дека одлуката е донесена за да се осигура „безбедноста“ на војниците.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац утрово изјави дека ја овластил армијата да „преземе контрола“ врз новите позиции во Либан.
„Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и јас ја овластивме израелската војска да напредува и да преземе контрола врз дополнителни стратешки позиции во Либан за да се спречат напади врз израелските гранични населби“, рече Израел Кац, објави „Тајмс оф Израел“.
Кац додаде дека израелската армија ги продолжува своите операции против либанското движење Хезболах, кое е блиско со Иран.
„Таа терористичка организација (Хезболах) плаќа и ќе продолжи да плаќа висока цена за своите напади врз Израел“, додаде израелскиот министер за одбрана.
МИА
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
