Лидерите на Западен Балкан ќе се сретнат в понеделник во Драч на самитот на иницијативата Брдо-Бриони

Лидерите на Западен Балкан, меѓу кои и македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, ќе се сретнат в понеделник во Драч на самитот на иницијативата Брдо-Бриони, а главна тема ќе биде европската перспектива на Западен Балкан, со посебен фокус на Планот за раст на регион.
Процесот Брдо-Бриони е заедничка словенечко-хрватска иницијатива започната во 2013 година, а нејзини членови се Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија.
Самитот во Драч го организираат претседателите на Словенија и Хрватска, Наташа Пирц Мусар и Зоран Милановиќ, а домаќин е претседателот на Албанија, Бајрам Бегај.
На состанокот во Албанија е потврдено учеството на црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ, на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова, косовската претседателка Вјоса Османи и на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Иницијативата Брдо-Бриони има за цел да поттикне меѓусебна соработка и да ги олесни напорите на земјите од регионот на нивниот пат кон ЕУ.
- Годинешниот состанок ќе се одржи под мотото „Заеднички интереси, заедничка посветеност кон заедничка иднина: заедно кон ЕУ“. Заедно со прашањето за европската перспектива на земјите од Западен Балкан, ќе се фокусираат и на зајакнување на регионалната соработка, објавија организаторите.
Словенија на самитот во Драч уште еднаш ќе нагласи дека проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е најефикасната геополитичка алатка за обезбедување стабилност, мир и безбедност во регионот.
Учесниците на самитот ќе обрнат посебно внимание на спроведувањето на планот на ЕУ за економски раст на Западен Балкан, што им овозможува на земјите од регионот постепено да се интегрираат во ЕУ и носи конкретни придобивки за нивните граѓани. За таа цел, ЕУ воспостави финансиски инструмент за периодот 2024-2027 година вреден шест милијарди евра.
Се очекува Северна Македонија да добие над 750 милиони евра од Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан до крајот на 2027 година, Косово 880 милиони, Албанија 920 милиони, Србија над 1,5 милијарди евра, Црна Гора 380 милиони и Босна и Херцеговина околу 900 милиони евра, откако Европската комисија им ги намали средствата за десет проценти поради доцнења во планот.
Состаноците во рамките на иницијативата Брдо-Бриони се одржуваат секоја година од 2013 година. Минатата година се одржа во Црна Гора, каде што лидерите во заедничка изјава ја нагласија важноста на добрососедските односи и регионалната соработка и се обврзаа на понатамошни реформи, зајакнување на стратешкиот дијалог со ЕУ и спроведување на Зелената агенда за Западен Балкан.
МИА
Ново на Сител
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
-

ВО ЖИВО: Вонредна прес-конференција на премиерот Христијан Мицкоски
-

Ормускaтa Tеснина останува отворена за сите освен за бродови поврзани со непријателите, тврди ирански претставник
-

Владата подготвува итни мерки: Со даночна интервенција ќе се спречи нов ценовен шок на горивата
-

Зеленски: Разговорите со американските претставници ќе продолжат денеска
-

Министрите на земјите од Г7 се подготвени да дејствуваат за заштита на глобалните испораки на енергенси
-

Велика Британија соопшти дека нејзините бази на Кипар нема да се користат за воени операции против Иран
