Фудбал
5. September 2020 - 19:55
Лига на нации: Успешен старт на “рисовите“
Македонската фудбалска репрезентација со победа го стартуваше вториот циклус од Лигата на нациите. Три досудени пенали донесоа победа од 2-1 за избраниците на селекторот Ангеловски. Следниот предизвик е во вторник кога гостуваме во Грузија.
Македонија попладнево на топлото време на Арената Тоше Проески имаше против себе разигран противник но и тешки услови за игра па затоа победата е со извонредно значење за продолжението од циклусот.
Нашата репрезентација поведе рано уште во првите минути и тоа од пенал кој успешно го реализираше Алиоски.
Следуваше офанзивна игра на Ерменците но Македонија добро се одбрани и веќе во 36-тата минута Елмаз изнуди и втор пенал. Овојпат прецизно биеше Несторовски и зголеми на 2-0.
Во вториот дел Македонија имаше неколку шанси за повисоко водство но и Ерменија за резултатски камбек. Конечните 2-1 ги постигна Барсегјан исто така од пенал во последните мигови од средбата.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->