Лихтенштајн совладан убедливо со 5:0 за враќање на прво место во групата
Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје го совлада Лихтенштајн со 5:0. Со новите три бодови македонскиот национален тим се врати на првата позиција на табелата во групата Ј од квалификациите за СП 2026.
Македонските репрезентативци беа расположени за игра, а серијата голови ја отвори Ељиф Елмас откако мина пет противнички играчи. Официјално голот е запишан како автогол на голманот на Лихтенштајн Бенџамин Бухел во 15.минута.
На почетокот на вториот дел нашиот тим зголеми на 2:0, а стрелец беше капитенот Енис Барди. На 3:0 четири минути подоцна погоди Дарко Чурлинов, а четвртиот гол го постигна Лирим Ќамили во 86.минута. Конечните 5:0 ги постави Лука Станковски во 90.минута.
Вечерва во терминот од 20:45 часот играат Белгија – Казахстан.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски се на првата позиција со 11 бодови од 5 натпревари, Велс е втор со 10 (5), Белгија има 7 на третото место (3), Казахстан е на четвртото место со 3 бодови (4), а Лихтенштајн е последен без бодови од пет натпревари.
Македонија следниот натпревар го игра на 10.октомври на гости против Белгија.
МИА
Ново на Сител
-
Инфлацијата во август 4,4 проценти на годишно ниво, 0,2 на месечно
-
Вучиќ се сретна со новиот амбасадор на ЕКСПО 2027, Џеки Чен
-
Поскапуваат горивата
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Димовски го признаа прислушувањето
-
МВР: Септември почна со 5.171 сообраќаен прекршок, приведени 32 возачи
-
Северна Кореја одбележува 77 години од основањето со повик за единство и самостојност
-
МВР ќе ги информира граѓаните за новите правила при патување во ЕУ за да нема застои на премините
-
„Ќе ги дигнел на клоци“ или „ќе ги фрлел од 6-ти кат“, виш јавен обвинител се заканувал и малтретирал пет службенички