Ликот на Ерлинг Халанд осамна на 469 килограми кокаин вреден 20 милиони долари

Полицијата во Еквадор заплени 469 килограми кокаин, а посебно внимание привлече необичната „ознака“ на дрогата – на пакетите биле залепени фотографии со ликот на норвешката фудбалска ѕвезда Ерлинг Халанд.
Според Асошиејтед прес, дрогата била откриена во камион во близина на границата со Колумбија, откако полицијата добила дојава. При проверката, во специјално направен скриен простор во возилото биле пронајдени 370 пакети со вкупно 469 килограми кокаин.

На пакетите имало налепници со името и ликот на Халанд. Според АП, трговците со дрога и претходно користеле фотографии и симболи на познати личности како ознаки на пратките.
Во акцијата биле приведени возачот на камионот и жена со колумбиски документи. Запленетиот кокаин се проценува дека би достигнал вредност од речиси 20 милиони долари во Европа.
Еквадор е една од важните транзитни точки за кокаинот произведен во соседните Колумбија и Перу. Само во првата половина од 2026 година, еквадорската полиција запленила околу 80 тони дрога.
Ново на Сител
-

Расте цената на нафтата на светските пазари, неизвесно дали ќе поскапат горивата во земјава
-

Тетовчанец под дејство на алкохол приведен откако со возило удрил три малолетници
-

Двајца возачи под дејство на алкохол предизвикале сообраќајни несреќи со смртни последици и тешки телесни повреди
-

Николоски: Македонија меѓу првите земји со технологија на „Старлинк“, со што третиот мобилен оператор ќе биде поконкурентен
-

Масовни протести во Франција: Речиси 1.000 приведени, судири со полицијата и стотици илјади демонстранти
-

Србија гласа на 15-тите парламентарни избори, излезноста до 9 часот изнесува 12 отсто
-

Волкановски го нокаутира непоразениот Евлоев и испиша историја во UFC
-

Мелони: Правото на протест мора секогаш да биде загарантирано, како и безбедноста на граѓаните
