Лина Ѓорческа стартуваше со победа на ИТФ турнир во Унгарија, Ивановски во Хрватска
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа во првото квалификациско коло го почна настапот на ИТФ фјучрсот W75 во унгарскиот град Секешфехервар. Таа вчера ја совлада домашната тенисерка Мелинда Биро со 2:0, по сетови 6:3 и 6:0.
Турнирот се игра во сала на земјена подлога и е за нагарден фонд од 60.000 долари. Ѓорческа е рангирана како втора носителка на квалификацискиот турнир.
Денес за пласман на главниот турнир Ѓорческа ќе игра против Романката Андреа Присакариу.
Победа вчера забележа и најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски. Тој на стартот од квалификациите на ИТФ турнирот во Пореч, Хрватска го совлада Макс Батјутенко од Казкстан со 2:0, по сетови 7:6(2) и 6:2.
Денес во втората квалификациска рунда Ивановски ќе игра против Марко Николиќ од Србија.
Турнирот „Истраска Ривиера“ се игра за награден фонд од 15.000 долари, на отворено на земјена подлога.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Лосон: Договорот за стратешко партнерство ќе ги унапреди односите во сите сфери
-
Демолирано училиште во Битола со камења вандали искршиле прозорци и смарт табла - Единствена во градот
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Реформите се спроведуваат според планот, одржан прв состанок на Националниот консултативен механизам
-
Европската комисија предвидува раст на македонската економија за 3% во 2025 година
-
Уставен суд: Постапувањето на Судски, Собрание и Судовите е правен преседан
-
Нема предлог за нов гувернер - Давкова ќе размислува уште неколку дена