Loading Video...
Тенис
2. јуни 2018 - 16:16
Лина и Томислав останаа без финале
Лош ден за нашите најдобри тенисери Ѓорческа и Јотовски кои останаа без финални настапи на турнирите во Португалија и БиХ.
Лина Ѓорческа одигра тежок меч во полуфиналето на турнирот во Обидос, Португалија каде загуби од Дејана Радановиќ од Србија со 6-1 и 6-4.
По слабо одиграниот прв сет во вториот Ѓорческа се разбуди и поведе со 3-1во гемови но Србинката набрзина возврати и со целосен пресврт го освои и вториот сет. Кај нашата тенисерка се почувствува замор по неколкуте тешки меча и беше немоќна против четвртата носителка но сепак може да биде задоволна од трите победи остварени по паузата поради повреда.
Во полуфиналето застана и Томислав Јотовски на ИТФ турнирот во Кисељак, БиХ. По возбудувањата во првиот сет кој во тај-брејк го доби Том Кочевар од Словенија во вториот сет нашиот тенисер поради болки во раката го предаде мечот при водство на противникот од 3-0.
-

Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
