Македонија
25. January 2026 - 13:25

Лишена од слобода кавадарчанка по пријава дека со остар предмет му нанела повреди на сопругот

Кавадарчанка била лишена од слобода утрово по пријава дека со остар предмет му нанела повреди на сопругот

- Денеска во 6:30 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци, лишиле од слобода 30-годишна кавадарчанка, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом, по вербална расправија, му нанела повреди со остар предмет на нејзиниот 43-годишен сопруг. Предметот бил пронајден и одземен, а при преземање мерки, кај неа биле измерени 2,61 промили алкохол во крвта, соопштија од Секторот за внатрешни работи - Велес.

Како што додадоа од СВР - Велес, таа била задржана во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

МИА