Лишени од слобода двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна | ФОТО

На 24.01.2025 од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за криминалистичка полиција и СВР Битола извршен е претрес на дом и помошни простории на полицискиот службеник Б.Б. во Битола, поради основи на сомнение за сторено кривично дело “оддавање службена тајна”, по член 360 од КЗ. При претресот пронајдени се пиштол, револвер, две рамки за пиштол, 321 парчиња разновидна муниција, над 20.000 евра и службена документација, односно оперативни извештаи кои во себе содржат класифицирани информации, меѓу другото и за граничното работење, анализи на рутите за мигранти итн.
Од страна на ОВККИПС во координација со ОКП-СЕКК и СВР Битола поднесена е кривична пријава по член 396 ст.1 од КЗ до ОЈО - Битола пртив Б.Б. по брза постапка и од страна на надлежен судија му е изречена мерка притвор во траење од 30 денови.
Во однос на кривичното дело по член 360 од КЗ, извршен е увид во службена просторија на Регионален центар за гранични рабoти Југ лоцирана во кругот на СВР Битола, при што е одземен еден десктоп компјутер за понатамошна постапка.

По извршениот увид во службената просторија и предметниот компјутер, извршен е разговор со полицискиот службеник Љ.К., кој во службениот разговор појаснил дека тој со неговата службена шифра во системот за контрола на патници и возила извршил проверки за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, по чии насоки полицискиот службеник Љ.К. е лишен од слобода и задржан во ПС Битола.
Исто така на 25.01.2025 од страна на полициски службеници од ОВККИПС во координација со ОКП- СЕКК и СВР Битола, по наредба издадена од Основен суд -Битола, извршен е претрес на дом кај Љ.К.. При спроведениот претрес пронајдени и одземени се два преносни уреди - усб и еден мобилен телефон.
Во координација со ОЈО-ГОКК се преземаат дополнителни мерки и активности со цел расчистување на кривично-правниот настан.
Ново на Сител
-

До крајот на неделата сончево, максималната температура над просекот
-

Затекнати 14 малолетници во локал после полноќ, приведена 45-годишна жена која го изнајмила просторот во Куманово
-

Еден во кома: Неколку млади Белгијци хоспитализирани по пушење е-цигари од „домашно производство“
-

Нормализиран сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум
-

Обвинителството бара постапка против пет малолетници за насилство во училишен двор во Сарај
-

Орбан: Обидот за преземање на замрзнатите руски средства е објава на војна
-

Одбележана 10-годишнина од воведувањето на македонскиот јазик во училиштата во Лесковац
-

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово
