Лиза Кудроу за скриената порака од Метју Пери

Лиза Кудроу попзната како Фиби Буфе од „Пријатели“, во „Емисијата на Дру Баримор“, откри дека неодамна пронашла белешка којашто нејзиниот покоен колега Метју Пери ѝ ја дал на снимањето на финалето. Тоа писмо досега било скриено во подарената тегла за колачиња.
-Метју ми ја даде на крајот од нашата последна епизода. А неодамна најдов и порака во тој сад, што тој ми ја наменил мене. Ја немав отворено теглата, ниту пак, погледнав внатре. Но, да - внатре имаше порака, и јас сум заборавила на тоа. За сè има вистински миг, вели ѕвездата на „Пријатели“.
Пери кој го глумеше Чендлер Бинг во американската хумористична хит-серија, почина лани во октомври, од „акутни ефекти од злоупотреба на 'Кетамин'“, на 54-годишна возраст. По неговата смрт, другите ѕвезди од „Пријатели“ - Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Мет Лебланк, Дејвид Швимер и Лиза Кудроу објавија заедничка изјава.
Нивната главна порака гласеше: „Ние сме семејство“.
Во 2021 година, екипата имаше повторен собир во ТВ-документарецот, првпат откако серијата ја прослави својата 10-годишнина во 2004 година, а воедно и крајот на приказната.
Во врска со смртта на Пери, пет лица беа обвинети. Следно, основана е и фондација на негово име, со цел да им се помогне на лицата кои се борат со зависности.
Ново на Сител
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
-

Две лица од Крива Паланка, едниот од нив малолетник, физички нападнале службени лица од АХВ
