Љутков: Разловечкото востание е темелот на нашата држава, историја што не смееме да ја заборавиме

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска беа во работна посета на Делчево, а по повод одбележувањето на 149 години од Разловечкото востание го посетија и Спомен домот во Разловци.
– Разловечкото востание е темел на македонската револуционерна борба, историја што не смееме да ја заборавиме, ниту да ја занемариме. Во чест на сите оние што организирано се кренаа на оружје против османлиската власт, Спомен-домот на Разловечкото востание е жива врска со корените на македонската борба за слобода и национална самобитност. Во минатото, за жал, Спомен-домот беше оставен на забот на времето. Но тоа време заврши и ние решивме да го вратиме неговиот сјај “, рече министерот Љутков.
Министерот во рамки на настанот го презентираше проектот на Министерството за култура и туризам за „Целосната реконструкција на Спомен домот на Разловечкото востание и нова музејска поставка“ во износ од 21 милион денари.
– Во 2025 година, Спомен-домот на Разловечкото востание е прогласен за значајно културно наследство. Во пресрет на одбележувањето на 150-годишнината од Востанието, следната година почнуваме со целосна обнова на објектот и со поставување современа музејска поставка за што издвоивме 21 милион денари. Секој дел од поставката и секој експонат ќе биде дизајниран да ја раскажува вистината за Востанието, за храброста, жртвата и значењето на македонскиот отпор“, рече Љутков
Тој додаде дека Националниот конзерваторски центар веќе го подготви проектот за обнова на објектот, а работната група ја заврши и програмата за новата музејска поставка. Во моментов проектот е на стручна контрола во Управата за заштита на културното наследство и во најскоро време се очекува да завршат административните постапки за добивање конзерваторско одобрение, по што веднаш ќе биде објавена јавна набавка и ќе започне реализацијата.
– Хероите како Димитар Поп Георгиев Беровски и поп Стојан не вложиле сè што имале, и имот и живот, за ние денес да заборавиме. Тие го направиле тоа за ние да паметиме, да учиме и да градиме држава која отсекогаш знаела да ги препознае вредностите на македонската историја. Затоа денес, ние сме тука за да се поклониме, но и да покажеме дека нивната жртва не била залудна“, подвлече Љутков.
Ново на Сител
-

Две лица повредeни по пад на спортски авион близу Мавровската брана
-

Мицкоски: Охрабрува трендот што голем број од македонските граѓани кои одлучија да заминат, полека се враќаат
-

На 15 декември се затвора трезорот за буџетски плаќања, потврди премиерот Мицкоски
-

Едногласно, Народното собрание на Бугарија ја прифати оставката на премиерот Росен Жељазков
-

ЦУК: Мал авион падна во Мавровското Езеро, едно лице повредено
-

Граничниот премин Ники затворен за товарни возила, сообраќајот на патиштата непречен
-

Продолжи судењето против екс директорите на АМС за злоупотреба на спортски ваучери, одбраната смета дека вештачењето е парцијално
-

УХМР: Продолжува периодот на претежно сончево и тивко време
