Лука Дончиќ ја потврди разделбата од Анамарија Голтес: Се борам за старателство над ќерките

Лука Дончиќ потврди дека ја прекинал врската со својата свршеница Анамарија Голтес и оти води правна битка за старателство над нивните две ќерки, потврди ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс за „ЕСПН“.
– Ги сакам моите ќерки повеќе од сè. Направив сè што можев за да бидат со мене во САД во текот на сезоната, но тоа не беше можно. Неодамна донесов тешка одлука да ја прекинам мојата врска. Сè што правам е за среќата на моите ќерки. Секогаш ќе се борам да бидам со нив и да им го дадам најдобриот можен живот, изјави словенечкиот кошаркар.
Претходно, „Ти-ем-зи“ (TMZ) објави дека Голтес побарала од Лука Дончиќ алиментација и судски трошоци. НБА-ѕвездата и неговата свршеница беа 12 години во врска, и имаат две ќерки: Габриела и Оливија. Извор запознаен со случајот пренесува дека едната ќерка на Дончиќ минала само три дена со својот татко минатата пролет, додека другата никогаш не била во САД, каде што моментно живее словенечкиот кошаркар.
Според изворот, Лука Дончиќ, кој во август минатата година потпиша тригодишно продолжување на договорот со Лос Анџелес Лејкерс во вредност од 165 милиони долари, отсекогаш го издржувал своето семејство и ги плаќал сите трошоци на своите ќерки.
Првата ќерка, Габриела, е родена во ноември 2023 година, додека малата Оливија е родена во декември 2025 година.
Дончиќ изразил желба да ја однесе Габриела во САД на почетокот на декември. Во тоа време, имало несогласувања со Голтес. Таа повикала полицијата, но како што се наведува, „не се утврдени елементи на кривично дело или прекршок“ од страна на Дончиќ. Кошаркарот се појавил во болницата во Крањ на денот кога се родило второто дете, а оттогаш наводно не ја видел ниту новородената Оливија ниту неговата (веќе поранешна) свршеница.
На крајот на февруари, тој поднел барање до судовите во Словенија барајќи итна средба со Габриел и Оливија.
Инаку, Дончиќ ѝ предложил брак на Анамарија Голтес во јули 2023 година. Тие се во љубовна врска од 2016 година. Гласините за прекинување на свршувачката се појавија во многу медиуми во последните денови, а сега самиот славен кошаркар го потврди разделувањето.
Ново на Сител
-

„Макфест“ годинава на 30 и 31 октомври, 41.издание на Фестивалот на забавни мелодии
-

Нов пораз на македонската фудбалска репрезентација, совладана од Словенија
-

За „Пулс“ досега изведени 1.390 материјални докази и сослушани 45 сведоци и пет вешти лица - не е одложено ниту едно рочиште
-

Отстранет двоглавиот орел од Кораб, на местото повторно се вее македонското знаме | ФОТО
-

Во руски воздушни напади врз Киев и околината загина дете, петмина ранети
-

Со изведување докази продолжува судењето за „Државна лотарија“
-

Ѓорѓиевски: Да оставиме пример, не ѓубре - најголема еко-акција досега
-

Македонија увезува лубеници иако ги има и за извоз, речиси 9 од 10 килограми доаѓаат од Албанија
