Лука Кипровски влегува во WAKO PRO водите – дуел со шампионот Кликавац во Црна Гора

Македонскиот кикбоксер Лука Кипровски во сабота (28 март) ќе го има својот прв настап во WAKO PRO, каде ќе се соочи со црногорскиот шампион Лазар Кликавац. Борбата ќе се одржи во хотел „Splendid“ во Црна Гора, во категоријата до 86 килограми, во К1 дисциплината (3 рунди по 3 минути).
Кипровски, кој настапува за клубот „Шампион – Магнус Тим“, под водство на тренерот Дејан Митровски Урко, влегува во овој меч како технички подготвен и искусен борец. Двајцата ривали требаше да се сретнат уште минатата година на Светското првенство во Абу Даби, но до тоа не дојде поради намалувањето на тежината на македонскиот репрезентативец, кој тогаш настапуваше во пониската категорија до 81 килограм.
Оваа година, тимот на Кипровски одлучи да направи исчекор и да се испроба во повисока категорија, и тоа веднаш на професионално ниво.
Борбата ќе се пренесува во живо на „Arena Fight“, а од македонскиот табор очекуваат победа и успешен старт во WAKO PRO конкуренцијата.
Ново на Сител
-

Бројот на вработени кои побарале лекарска помош од РЕК Битола се искачи на 120, кујната времено затворена
-

Мицкоски: Треба да се знае дека официјалниот јазик во оваа држава е македонскиот
-

Уапсен 72-годишник од Валандово за физички напад врз сопругата и поседување огнено оружје и муниција
-

Шест волови од кривопаланечко залутале во Бугарија, за нивната судбина ќе одлучуваат бугарските институции
-

Половината ваучери за инвертер клими веќе подигнати, рокот истекува на 17 април
-

Без вода корисниците на потегот од фонтаната во Градски Парк до Влада
-

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Данска по полуфиналето на плејофот за Мундијалот 2026
-

Најстудено на Попова Шапка, -3 степени и 53 сантиметри снег
